5 Isuzu Citiport автобуси
За потребите на градскиот превоз во Општина Тетово, набавени се пет нископодни, 12 метарски автобуси од гамата на ISUZU. Моделите Isuzu Citiport имаат вкупен капацитет за превоз на 107 патници (31 седење + 76 стоење), комплетно се опремени со сите безбедносни и комфорни системи (АBS/ASR), модерна климатизација и греење и автоматски ZF менувачи.
Автобусите имаат и современи и еколошки дизел мотори со зафатнина д 6.700 ccm и моќност од 220 кw, кои ги задоволуваат напредните Euro6D норми за издувна емисија.
Во автобусите е сместена и механичка рампа за пристап на инвалидизирани лица со количка.