Еколошкиот автобус на Anadolu Isuzu, Kendo, се вброи меѓу финалистите за Наградата за одржлив автобус, во категоријата „Автобус на годината“. Оваа награда е признаена како една од најпрестижните награди во меѓународната индустрија за комерцијални возила.
Еколошкиот модел на Anadolu Isuzu е развиен според специфичните барања на локалните таргет пазари и оваа година се наоѓа помеѓу финалистите на меѓународната Sustainable Bus Award, во категоријата „Автобус на годината“.
Кендо е развиен од страна на турските инженери во Центарот за истражување и развој Anadolu Isuzu како економско и зелено решение и е наменет да служи пред се како шатл-автобус или училишен автобус. Еколошкиот Кендо, роден како резултат на R&D способностите и амбициите на Anadolu Isuzu, беше лансиран на европскиот пазар во септември минатата година. Kendo поседува CNG мотор според најсовремените европски стандарди и е еден од ретките модели во меѓуградскиот сегмент од 12-13 метри.
Со еколошки CNG мотор, Kendo е дизајниран за меѓуградски превоз и превоз на кратки растојанија. Спореден со сличните модели на конкуренцијата, со простор за багаж од 7,5 м3, Кендо нуди комфор и функционалност на ниво на луксузната класа. Овозможувајќи максимална удобност за возачот и патниците, Kendo се истакнува како еден од првите модели потпишан со новиот дигитализиран, естетски и технолошки дизајнерски јазик на Anadolu Isuzu. Неговиот аеродинамичен дизајн, динамичните LED трепчаки и LED дневни светла, дигиталната инструмент табла и 7 инчен мултимедиа систем на допир, одат во прилог на новиот дизајнерски јазик имплеметиран во овој еко автобус.
Со должина од 13 метри Kendo CNG овозможува удобен и широк простор за возачот и патниците. Многу од неговите карактеристики како што се распоредот на седење, изборот на ткаенина и дизајн – можат да се прилагодат спрема желбите и потребите на клиентите. Благодарение на идеалниот распоред, возилото има најпространа возачка кабина во споредба со конкурентските модели со иста големина и капацитет, а доаѓа со прилагодлив управувач и возачко седиште кои на возачот му овозможуваат дополнителна ергономија и сигурност. Покрај стандардната верзија со максимален капацитет на седење, Kendo CNG доаѓа и со можност за склопување на седиштата во средниот дел, со што се креира дополнителен простор за стоење или сместување на инвалидска количка.
Наградата за одржлив автобус се темели на идејата за одржливост, а кандидатите се оценуваат според повеќе критериуми како што се: мотор, менувач, сигурност, удобност и одржливост. Исто така како критериуми се земаат во предвид и степенот на бучава, можноста за рециклирање на компонентите и генералното залагање на производителот за заштита на животната средина.
Kendo CNG имавме можност да го видиме во Македонија во март во рамки на Isuzu Euro Demo Tour.