Isuzu M21 (3,5 тони)

Камионот на ISUZU, M21, е најмалиот и најфлексибилниот камион во гамата на Јапонскиот производител. Има вкупна бруто маса од 3,5 тони, и може да се управува со возачка дозвола од категорија Б.  Опремен е со дизел моторот на ISUZU кој ги задоволува строгите Euro VI d Temp норми, со моќност од 88 kW (120 hp) @ 3,000 – 3,200 rpm

Може да се набави во четири верзии – како Single, Single Heavy, Ground, Heavy и Active варијанта. Моделите се опремени со систем против блокирање на сопирачките ABS со BAS | како и со систем за елекстронска стабилност ESC со ASR.

1898

ccm

120

Коњски сили

Еuro 6D Temp

Moтор

M21 Single

M21 Single, e компактен, лесен за управување и камион на кој можете целосно да му верувате. Тој е идеално возило кое лесно ќе се пробива низ урбаните центри и области со сообраќаен метеж. Опремен е со мотор со зафатнина од 1898 cm 3  и 120 коњски сили, 4-цилиндри, 16 вентили, комон реил директно вбризгување со Турбо варијабилна геометрија, одлични перформанси без компромис по животната средина, благодарение на DPD филтерот кој ги чисти честиците од издувните гасови и LNT катализатор како и SCR системот кој ги намалува емисиите на азотни оксиди.  Euro 6d-Temp моторот гарантира одлична моќност, дури и при целосна натовареност и е опремен стандардно со 6-брзински мануелен менувач дизајниран да ги олесни и најтешките стартувања.

M21 Single Heavy

Со M21 Single Heavy, маневрите се секогаш чисти и прецизни, со радиус на вртење од само 9,2 метри, кој е меѓу најмалите на пазарот, за меѓуосовинското растојание од 2.500 мм. Возењето се одликува со – врвно забрзување, одлична можност за маневрирање дури и при ниски брзини и супериорна моќ на прилепување на патот, секогаш внимавајќи на животната средина.

Новиот систем за третман на гасовите користи DPD филтер за чистење честици, заедно со LNT катализатор и  SCR систем кој ја редуцира емисијата на азотни оксиди.

M21 Ground

Ако изберете Isuzu M21 Ground, бирате возило со високи перформанси и голема корисност.

Може да се добие во три изведби (2500mm, 2760mm and 3360mm), па M21 Ground ви нуди широк избор на надградби и прилагодувања кои ќе ги задоволат вашите потреби.

И во Ground е вграден Euro 6d-Temp моторот со моќност од 120 КС, спарен со пофлексибилен 6-брзински мануелен менувач, со максимален вртежен момент од  320Nm, кој гарантира максимален капацитет дури и при транспорт на особено тежок товар.

M21 Heavy

Aгилен и лесен за маневар, M21 Heavy е идеално решение за тешки работи дури и во тешки услови.

Дневните активности кои вклучуваат чести стартувања и запирања се олеснети со новиот RZ4E-TC Euro 6d-Temp мотор, способен да гарантира поголем проток со помала потрошувачка.

M21 Active

Isuzu M21 Active e лесен за маневар, товар и истовар. Има комфорно седење во кабината, секогаш со фокус на безбедноста.

Опремен е со Euro 6d-Temp моторот со зафатнина од 1898 cm 3   што гарантира подобар одговор на педалата за гас и при ниски брзини.