Isuzu F13,5 / 14 (13,5 / 14 тони)

Isuzu F14 e комплетно решение за транспорт за дистрибуција од поголем обем : брзината и довербата одат заедно во непобедлива комбинација, за да гарантираат највисоко ниво на додатна вредност во продуктивноста за време на вашата дневна работа.

Расположлив во четири димензии (J 3790 – L 4360 – N 4990 – Q 5320), да обезбеди максимална разноврсност во поглед на должината на товарот што го носи F14 природно е дизајниран да поседува механичка или пневматска суспензија.

Под хаубата,  Isuzu F14 е опремен со 4 цилиндерски common rail мотор со директно врбизгување и интеркулер, и со тотална зафатнина на моторот од 5193 cm3: вистински извор на моќ кој гарантира максимална агилност дури и при најтешки ситуации, како што е транспорт на товари, тешки и обемни.

Моќта и агилноста се гарантирани на секој терен. Isuzu F14 има помал радиус на вртење од порано, што гарантира подобра управливост, дури и во тесните градски улици или планински села, а во исто време нуди врвна стабилност и на патишта надвор од градот.

5.193

ccm

240

Коњски сили

Еuro 6 OBD-D

Moтор

Тивок, чист и со заштитнички однос кон природата,  Isuzu F14 нуди и комфор за возачите, перформанси во однос на економичноста и довербата. Дизајниран е специфично за дистрибуции од голем обем, тој исто така може да се користи во најразлични намени, секогаш гарантирајќи врвни перформанси за оние кои имаат потреба од доверлив сопатник на долги патувања под голем товар, и дење и ноќе.

Возачката позиција може да се прилагоди да одговара на возачи од сите големини, багодарение на подесувањето на воланот по висина и агол. Седиштата се карактеризираат со одлична прилагодливост по должина и поголем агол на прилагодување по наклон.

Во кабината Isuzu F14 нуди многу фиоки за оставање предмети што го прават камионот идеално место за работа.

Клима уредот и радиото со CD и USB / MP3 се екстра детали кои го подобруваат комфорот, помагајќи му на Isuzu F14 да биде уште подобар во секојдневната работа.

За нас во Isuzu, безбедноста на патниците доаѓа на прво место : затоа Isuzu F14 е опремен со ABS систем и ASR систем за електронска стабилност, кои го прават возењето поудобно.

Предните и задни барабански кочници се хомологирани согласно тековната EEC регулатива и моторната сопирачка која е поставена на издувот гарантира помало трошење на системот за сопирање, со соодветно редуцирани трошоци за одржување.

Видливоста е осигурана во сите временски услови благодарение на проширеното предно стакло, дневните светла и светлата за магла кои се стандард,