Isuzu F11 (11 тони)

Во производството на тешки возила сме лидер, па сакаме квалитетот на Isuzu секогаш да биде на врвот, и да биде вашиот најдобар работник секогаш кога ви треба. Isuzu F11 одговара на оваа филозофија: максимална моќност дури и при превоз на најтешки товари.

За Isuzu F11 дизајниравме 4 цилиндричен дизел мотор, со common rail директно вбризгување и интеркулер, суперполнет со турбо полнач со варијабилна геометрија и вкупна зафатнина на моторот од 5193 cm3.
Како и кај сите други мотори,  Isuzu F11 е исто така Euro VI OBD-C: што значи дека ја штити околината и обезбедува ниска потрошувачка на гориво.

5.193

ccm

210

Коњски сили

Еuro 6 OBD-C

Moтор

Имајќи ја предвид моќта на моторот  Isuzu F11 е возило соодветно за транспорт на тешки материјали на долги дистанци. И покрај неговата големина, сепак, тој е практично возило за управување, дизајниран за оние кои имаат потреба долго време да бидат во своето возило.

Кога се работи за квалитетот, не зборуваме само за моќ, туку и за безбедност. Затоа го опремивме Isuzu F11 со специјален систем за електронска стабилност со ASR кој делува во случај на пролизгување, брзо прилагодувајќи ја моќнста на моторот со сопирањето на одделни тркала, со различен интензитет, а со тоа и стабилизирајќи го трапот на возилото, гарантирајќи на крајот намалување на ризикот од губење контрола.

Квалитетот на Isuzu исто така, се однесува и на комфорот на возачот и патникот, кои честопати се обврзани на долги и напорни денови. За  Isuzu F11 обезбедивме посебно големи и флексибилни седишта, кои имаат можност да ги апсорбираат вибрациите додека возите, а го направивме и целиот ентериер целосно прилагодлив, за да се обезбеди комфор секогаш, без ралика на типот на надградбата на камионот.